Трагично дерби за Брегалница во Штип

0
389

bШтипските сини штотуку го завршија дерби дуелот со претендентот и најголем ривал за првата позиција на табелата, Борец.
Велешани поведоа уште во шестата минута со голот на Ѓорѓиев, кој по асистенција на Калаба успешно реализираше.
Мрежата на Давков се затресе и втор пат, 22 минути подоцна, по прецизниот удар на Симеон Христов во 28-мата минута од мечот.
И покрај внесот во игра на Мишев и Коцев во второто полувреме, Брегалница не дојде до реализација.
Штипјани не ги искористија ниту полушансите, а по двете исклучувања, првото за Тони Мирчевски поради прекршок во 65-тата минута и второто за Размоски по вториот жолт картон, мечот се доигра со по 10 играчи на двете страни и без промена на конечниот резултат.
Со оваа победа Борец избива на првата позиција со 12 бодови, оставајќи ја Брегалница зад себе со само 9.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here