Трамп сака да ја забрани кинеската апликација „Тик – Ток“ во САД !

82

Видео-платформата ТикТок е омилена кај младите луѓе и има 800 милиони корисници ширум светот. Американските власти се сомневаат дека кинеската компанија и’ проследува податоци на кинеската влада.

„Што се однесува до ТикТок, ќе ја протераме од САД“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите кои патуваа со него во претседателскиот авион Ер Форс Уан. „Имам таква моќ. Тоа може да го сторам со претседателски указ или на тој начин (со вид економско овластување)“, изјави тој.

Американскиот претседател планира да преземе мерки против видео-платформата уште во текот на денов.