Тргаедија во Гостивар: Девојче бегало од кучиња, паднало во реката Вардар и се удавило !

0
75

Телото на малолетната девојка која вчера почина откако паднала во водите на реката Вардар е предадено на обдукција. Откако била направена идентификација на телото, утврдено е дека се работи за девојка на возраст од 17 години од село Здуње, Гостиварско, а надлежен јавен обвинител издал наредба за обдукција.

Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од кучиња скитници. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката.

Случајни минувачи се обиделе да ѝ помогнат, но не успеале. Случајот бил пријавен во полицијата и околу 22:30 часот девојката била најдена почината во близина на село Балиндол, Гостиварско.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here