Тренерот на Ливерпул, Клоп ги воодушеви Србите – Со симбол на јакната им оддаде почит на загинатите Срби !

Ливерпул во Белград изгуби од Црвена Звезда со 2:0, српскиот тим го одигра најдобриот натпревар оваа сезона

0
81

Германскиот стручњак на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ги воодушеви домаќините со својот потег на натпреварот против Црвена Звезда.

По одлуката да не го поведе Џердан Шаќири во српската престолнина и изјавите за респект кон поранешниот европски првак, Клоп им оддаде почит на загинатите српски борци во Првата светска војна со тоа што на својата јакна носеше Наталијина рамонда, цвет кој го симболизира страдањето на Србите во оваа војна.

Од УЕФА пред натпреварот стигна одобрение сите фудбалери на Црвена Звезда да можат да го носат цветот, а Клоп се придружи на кампањата самоиницијативно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here