Трета мајка за ефтини авиопревозници – Ќе успее ли третиот повик за ефтини летови !?

0
65

По два неуспешни, Владата реши по трет пат да пушти повик за субвенционирани авиопревозници.Условите, како што кажаа овој пат ќе биле олеснети а најверојатно тендерот ќе се објави наредната недела.

Причина за пропаѓање на претходните тендери беше неисполнувањето на условите од постапката .Она што е новитет во овој јавен повик, според информациите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски е тоа што се е продолжува времето за воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид а рокот ќе биде 26 март 2019.та.

Досега само Визер беше нискобуџетна компанија која се јавуваше на повиците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here