Три ремија и две победи во деветтото коло од Првата фудбалска лига

0
68

Деветтото коло од првата фудбалска лига помина во знакот на ремијата. Од вкупно 10 прволигаши, шест заработија по еден бод.

Шкупи рамизираше дома против Работнички со 1:1. Шкендија и Ренова изненадувачки ремизираа со 2:2, а од 54-тата до 80-тата минута фаворитот Шкендија беше и губитник на мечот.

Беласица и Силекс во Струмица постигнаа по еден гол.

Македонија Ѓорче Петров во Ѓорче славеше со 1:0 над прилепска Победа, а најголемиот добитник ова коло, Вардар, славеше над Академија Пандев со 3:0.

А Вардар е најголем добитник колово, затоа што Шкендија заработи само бод од ремито, а Вардар со победата ја зголеми предноста на +2, па сега е прв со 23 бодови, 7 бодови предност пред Шкендија на втората позиција со 16. Ист број на бодови има и Академија Пандев на третата позиција. Четвртата, петтата и шестата позиција ги држат Ренова, Победа и Работнички со ист број на бодови – 11. Македонија Ѓорче Петров и Беласица имаат по 10, а на самото дно се Силекс и Шкупи со 7, односно 6 бодови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here