Тројца членови на британска фамилија се удавиле во хотелски базен во Шпанија !

181

Три члена на британско семејство – татко и двете деца , вчера биле пронајдени мртви во базен во одморалиштето Коста дел Сол во јужна Шпанија, каде биле на одмор, соопштија локалните власти.

Регионалната влада на Андалузија објави на Твитер дека полицијата пристигнала на местото на несреќата во Мијас, крај Малага, рано попладнево по приемот на телефонски повик. Полицијата ги пронашла телата на 53-годишен маж и две деца, на возраст од девет и 16 години, удавени во базенот.

„Полициските службеници утврдија дека се мртви и не можеа да сторат ништо за да им помогнат“, се вели во соопшштението , во кое се додава дека полицијата го испитувала давењето. Психолозите се упатени на местото на настанот да им помагаат на членовите на семејството на починатите.

Локалните медиуми ги цитираа сведоците дека таткото и 16-годишниот син скокнале во водата за да ја спасат ќерката, која се давела , но на крајот сите ги загубиле животите.