Турција, најави дека над 76.000 мигранти тргнал кон Европа !

357

Турскиот министер за внатрешни работи напиша на „Твитер“ дека повеќе од 76.000 мигранти ја минале турската граница кон ЕУ.

„Бројот на мигранти кои ја напуштија Турција во правец на Европа е 76.358. Ја отворивме вратата. Бегалците се слободни да останат во Турција или да заминат“, напиша Сојлу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека неговата земја ги отворила границите и ќе им дозволи на бегалците да одат во Европа доколку тоа го сакаат.

Одлуката на Турција да ги отвори границите за бегалците и мигрантите на нејзина територија, дојде по нападот на сириските владини сили во кој загинаа 33 турски војници.

Во Турција има околу 3,7 милиони сириски бегалци и мигранти од земји како Авганистан, кои Турција одлучи да ги прифати на свое тло во договор со ЕУ. Но, Ердоган вчера во Истанбул порача дека ЕУ го прекршила договорот.

Од петокот, илјадници луѓе се движат кон границата со Грција, но точниот број не е познат. Додека Турција тврди дека заминале повеќе од 76.000 мигранти, грчките власти соопштија дека вчера запреле околу 4.000 мигранти кои се обиделе да ја преминат границата и да влезат во Грција.