Турчин загубил 11 милиони долари кои ги добил на лото, оти не се пријавил на време да си ги подигне !

538

Националната лотарија на Турција ја поништи премијата на специјалната новогодишна лотарија од 2018 година во вредност од 70 милиони турски лири (11,7 милиони долари) откако среќниот добитник не се појави во предвидениот временски рок, јави Анадолија.

Од Националната лотарија на Турција наведоа дека го поништиле тикетот под број 7615536 бидејќи добитникот не се појавил во предвидениот рок – 31 декември 2019 година.

Лотарија на Турција наведе дека среќниот добитник на оваа награда повеќе нема право да ја подигне новогодишната награда од 2018 година.Според турскиот закон, износот ќе биде префрлен во државната благајна и ќе биде искористен за јавни услуги.

Специјалната новогодишната лотарија на Турција за 2019 година изнесува 80 милиони турски лири (13,8 милиони евра), а извлекувањето на добитните броеви се одржува вечерва.