Уапсени над 30 бугарски граничари заради корупција и мито !

650

Повеќе од 30 бугарски граничари се уапсени на граничниот премин Калотина со Србија, под сомнение за мито, објави денеска портпаролот на државниот обвинител Сика Милева.

Таа истакна дека шефот на граничниот премин примал по 50 евра секој ден од секој од корумпираните граничари. Милева рече дека е поднесена кривична пријава против 20 лица, вклучително и шефот на граничниот премин, како и 15 граничари и четворица гранични полицајци.

„Пребарувањето на нивните домови откри пари во различни валути, како и оружје“, рече Милева.

Таа потсети дека вчерашното масовно апсење, во кој биле вклучени и граничари кои во тоа време не биле на должност, резултирало со затворање на граничниот премин неколку часа.