Уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат на 29 август

0
52

Уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип започнуваат на 29 август и ќе траат до 3 септември во првиот уписен рок, а новата академска година ќе почне на 1 октовмри. Вториот уписен рок на факултетите на Штипскиот универзитет ќе трае од 14 до 17 септември и третиот на 25 септември.

Ова денес во Струмица го истакна  проректорот за настава Кирил Барбареев, започнувајќи ја промоцијата на Универзитетот во градовите каде УГД има свои центри.

Конкретно во Струмица , УГД се надева на околу 400 студенти. Во Наставниот центар во Струмица оваа година УГД ќе има студиски програми на Правниот факултет и тие се класични правни студии, на Економскиот факултет, на Земјоделскиот факултет и тоа  агроменаџмент, градинарство, растителна биотехнологија, Филолошкиот факултет со две студиски програми-англиски и италијански јазик со книжевност, Електротехнички факултет и Машинскиот факултет.

Инаку, во изминативе 10 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“  на факултетите во Струмица се запишале две илјади завршени средношколци, а од нив досега студиите ги завршиле 1.200 студенти.

https://www.youtube.com/watch?v=Z4BBX8u9T3s&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here