Условната казна за човекот кој усмрти маж предизвика револт во јавноста !

166

Возачот на џипот, кој правејќи сериозен сообраќаен прекршок, го усмрти младиот моторџија во несреќата кај „Млечен“ доби условна казна.

Пресудата на скопскиот кривичен суд предизвика револт кај семејството на жртва, но и во јавност. За Димитриевски е неприфатливо виновникот да не одлежи ниту еден ден затвор за стореното. Вели ако институциите не ја коригираат пресудата, тој ќе стори се’ за да има правда за неговиот син.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која на удар од јавноста поради досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен кој со џип прегази сопружници пред две години кај „Млечен“ , при што загина сопругот и нероденото бебе, стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков