Утре Брегалница и Кит-Го на гости, Саса домаќин на Тиквеш

0
76

Брегалница утре гостува кај екипата на Детониот во Радовиш. Детонит е слаб конкурент, кој моментално е на самото дно од второлигашката табела, без ниту еден заработен бод, односно 6 последователни порази. Детонит би требало да биде лесен залак за Брегалница, која пак моментално е во бодовна криза, откако Борец, Кит-Го и Тиквеш избија над неа на табелата.

Кит-Го, пак, од високата втора позиција се соочува со Партизан Обрешани. И обрешанци не се сериозен конкурент на Кит-Го. Позиционирани се на далечната осма позиција со 6 бодови, стекнати преку две победи во шесте кола. Од друга страна, Кит-Го е многу посериозен со три победи, едно реми и еден пораз овие шест кола.

replica watches UK Најтешко ова коло ќе и биде на Каменица Саса. Каменичани и покрај ентузијазмот и понатаму се речиси на самото дно од табелата. Со тежината на една победа, едно реми и четири порази застануваат пред, барем за нив, големиот Тиквеш, кој напаѓа од високата трета позиција со 12 бодови.

Сите натпревари се со почеток од 15 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here