Утре вонредно коло од Третата лига Исток

0
59

Утре се играат натпреварите од петтото вонредно коло од Третата лига Исток.

Лидерот во првенството, Осогово, му гостува на Работник, каде ќе се обиде да дојде до петтата последователна победа.

Слога 1934 во Виница ја пречекува Кежовица. Виничани се во тешка ситуација, бидејќи во четири кола имаа само една победа, додека Кежовица важеше за еден од фаворитите во првенството, но лошите резултати ја оддалечија од борбата.

Пробиштипски Рудар има две последдователни победи, а по трета ќе се бори против делчевска Брегалница, а Малеш во Берово го пречекува Овче Поле.

Сите натпревари се со почеток од 15 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here