Утре дербито меѓу Брегалница и Борец на ноќни рефлектори во Штип

0
177

Второлигашкото дерби меѓу лутите ривали за првата позиција во Втората лига ќе се случи утре на Градскиот стадион во Штип.

Натпреварот ќе биде втор во историјата на градот, кој ќе се одигра на ноќни рефлектори, после купскиот дуел од пред две години меѓу Брегалница и Пелистер.

Штипјани се максимално подготвени за дуелот и се надеваат на нови три бодови за Брегалница.

  • replica watches UK После одличниот старт на нашата екипа и серијата од три победи од три натпревари, очекувам да го дадеме својот максимум и да извојуваме уште една победа против екипата на ривалот Борец, вели претседателот на Брегалница, Елмир Мандак.
  • Мал хендикеп за нашата екипа е отсуството на Кристијан Велиновски од натпреварот, кој не може да настапи поради двата жолти картони, но имаме соодветно решение за неговата позиција и се надевам дека со поддршка од публиката ќе дојдеме до посакуваните три бода, вели Емил Грнев, шеф на стручниот штаб на Брегалница.
  • Како и во секој натпревар, така и во овој влегуваме максимално подготвени. Ќе дадеме се од себе да ги исплониме барањата на шефот на стучниот штаб, вели Иве Трифуновски, фудбалер на Брегалница.

Дерби натпреварот утре е со почеток од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

Освен штипјани, второлигашки фудбал утре играат и Кит-Го Пехчево, кој дома го пречекува Тиквеш. Партизан Обрешани утре гостува кај Кожуф, Вардар во Неготино го пречекува Детонит, а Саса оди на гости кај Плачковица.

Сите преостанати натпревари се со почеток од 15.30 часот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here