Утре стартува Купот на Македонија

0
106

Утре стартуваат натпреварите од Купот на Македонија.
Истокот во Купот го претставуваат три клубови: Брегалница, Осогово и Кит-Го Пехчево.
Брегалница утре ќе ја има најлесната задача од трите клубови.

Во првиот натпревар ќе гостува кај екипата на Поешево.
Поешево и официјално е аматерски фудбалски тим, кој се натпреварува во битолската општинска фудбалска лига.
Осогово и Кит-Го ќе ја имаат потешката задача.
Кочанчани ја пречекуваат екипата на Пелистер. Пелистер минатата сезона се натпреваруваше во Првата лига, а од оваа сезона е второлигаш.
Осогово, пак, беше второлигаш, но го загуби статусот по испаѓањето во Третата лига Исток, па овде реалните шанси се наклонети кон Пелистер.
Кит-Го ќе се сретне со Шкупи. Иако Кит-Го важи за амбициозен тим, кој несомнено ќе биде фактор во втората лига, сепак пред себе во Пехчево ќе го има големиот Шкупи, кој пред само месец дена играше Квалификации за Лига Европа, каде во вториот натпревар успеа да одигра реми против големите Ренџерс од Шкотска.

Кој ќе биде исходот од трите средби, ќе видиме утре на натпреварите со почеток од 17 часот.
Натпреварот Осогово-Пелистер ќе се одигра на градскиот стадион ,,Никола Мантов” во Кочани, а натпреварот Кит-Го – Шкупи ќе се одигра на градскиот стадион во Пехчево.

https://www.youtube.com/watch?v=Kzedqx-iPz0&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here