Утре штипски Осенсеи на Скопје Опен 2018

0
26

Утре во Скопје ќе се одржи меѓународниот турнир во џиу џицу, Скопје Опен 2018. Во конкуренција на преку 200 натпреварувачи од околу 20 клубови од 7 држави учество ќе земе и клубот за џиу џицу Осенсеи од Штип.

Клубот ќе настапи со вкупно 22 натпреварувачи во дисциплината “борби“ и “не ваза“ во повеќе категории, а се очекува да биде и клуб со најмногу учесници на турнирот.

На истиот турнир ќе се одржи и финалното коло во Јадранската џиу џицу лига, каде што македонски преставник е тимот на “Осенсеи Балекс Адриатик Тим“.

Ова воедно е и последниот турнир за 2018 година.

Клубот Осенсеи во 2018 година учествуваше на вкупно 9 турнири од кои 7 меѓународни и освои голем број на медали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here