Утре Штип домаќин на борачите од белградска Црвена Ѕвезда

0
75

Утре по повод 8-ми ноември, ослободувањето на Штип, борачкиот клуб Олимпија ќе биде домаќин на меѓународен борачки турнир.

“На 8-ми ноември имаме меѓународен турнир во Штип. Тоа ќе биде меч со Црвена Ѕвезда од Белград. Тие ќе гостуваат овде на 8-ми, а потоа ние ќе одиме таму на меч“, вели Кире Нисев, тренер на БК Олимпија.

Пријателската средба на двата борачки клубови ќе се одржи утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 18 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here