Учениците се вратија во школските клупи во Европа – Најстрого во Франција, најлиберално во Холандија, без обврска за маски !

65

Учениците се враќаат во училниците ширум Европа и покрај стравот од втор бран на коронавирус. Експертите предупредуваат дека штетата за иднината на младите луѓе е поголема доколку останат дома. Европските држави му дадоа приоритет на отворањето на училиштата по периодот на историскиот прекин во учењето поради пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел го наброи образованието меѓу приоритетите на нејзината влада за време на кризата и вети дека „ќе стори се што е можно да спречи учениците да бидат губитници во пандемијата“.

Во Франција, родителите и учениците со заштитни маски чекаа во ред пред училиштата на првиот школски ден. Наставниците и учениците над 11 години имаат обврска да носат заштитни маски, дури и за време на часовите по музичко.

И во Италија, заштитните маски ќе мора да се носат во ходниците, и насекаде каде не може да се почитува дистанцата од еден метар. Таму училиштата ќе отворат на 14 септември и покрај стравот дека владата се уште не го подготвила системот за враќање на учениците. Во петокот започна испораката на нови, единечни школски клупи кои треба да ги заменат традиционалните двојни, за да се одржи дистанца меѓу учениците.

Во други европски држави, властите одлучија да не наметнуваат обврска за носење маски за учениците. Холандија е таков пример и одлуката наиде на големо негодување