Ученици од СОУ „К. Нехтенин“ во Португалија

582

Седуммина ученици од СОУ “ Коле Нехтенин“ се вратија од двонеделниот едукативен престој во Брага, Португалија, каде ја надополнуваа наобразбата во сферата на заварувањето. Престојот е во рамките на реализација на грант од европската Еразмус програма на училиштето  и штипскиот отворен граѓански универзитет „Ванчо Прке“:

„Јас научив многу работи од Португалија каде што работевме“ изјави Кристијан Пејков – ученик

„Тоа што го научив во Португалија ќе го искажам на моите другари во училиштето“ изјави Дарио Јованов – ученик

„Се надевам дека ваквото искуство што го стекнавме ќе може да се повтори и за некои други ученици во наредните години“ изјави Лука Стојменов – ученик

„Таму бевме во фабрики 10 дена каде што работеа нашите ученици, во фабриките за заварување.“ изјавиДаниел Ѓеоргиев – професор

„Преку вакви проекти ,најпрво го афирмираме нашето училиште како средно стручно ,а и да не кажам централно во Источна Македонија.Целта е практичната настава да биде на повисоко ниво“ изјави Дејан Павлов – директор на СОУ „ Коле Нехтенин“