Финални летни подоготвки во Банско за македонските каратисти

0
162

20-те најдобри каратисти на македонската карате репрезентација од денеска, под будното око на селекторот и тренер , штипјанецот Сашко Арсовски, стартуваат со финалните летни подготовки во Банско – Бугарија.

  • На подгопвотвките што започнаа денеска имаме и кондиционен тренер, ангажиран од страна на македонската карате асоцијација. Искрено се надевам дека со една макотрпна работа ќе ги достигнеме целите што ги дадовме пред себе за престојните натпревари од веропски и светски ранг, изјави Емил Павлов, член на Македонската карате репрезентација.

Подготовките во Банско се финални пред големите натпреварувачки предизвици во септември. Каратистите ги очекуваат два важни турнира, што ќе бидат виза за Олимпијадата во Токио, но и тест пред Светското карате првенство во ноември во Мадрид, Шпанија.

  • Мојот прв турнир ќе биде во септември. Ќе учествувам на светската Премиер лига во Берлин. Овој и турнирот во Токио ќе имаат големо значење какоз а мене, така и за моите колеги од репрезентацијата, бидејки со освоени високи места, осовјуваме и потребен број на бодови за добивање на виза за учество на следната олимпијада во Токио, но и своевиден тест за нашиот квалитет зџа престојното Светско првенство во ноември во Мадрид, посочи Павлов.

На светската листа топ сто најдобри каратисти, нашиот Емил Павлов е на десетото место. Годинава е плодна за Павлов. Квалитет го потврди со вториот златен трофеј за најдобар каратист во Европа, како и петтото место на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.

https://youtu.be/Kh1riNMwQf0

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here