Фотографија од пред една недела открива во колку лоша состојба бил мостот кој падна во Џенова !

Фотографија на надвозникот во Џенова, наводно снимена пред една недела, јасно покажува во колку лоша состојба бил пред вчера да се урне, поради што загинаа најмалку 40 луѓе.

0
339

На фотографијата се гледа дека мостот Моранди се распаѓа, а се гледаат и кабли кои висат од долната страна на надвозникот.Фотографијата е објавена на Твитер, а под неа пишува: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар“.

Пред две години професор по градежништво на универзитетот во Џенова Антонио Бренцих оценил дека мостот е „градежна утка со многу големи трошоци за одржување“.

Надвозникот се урна поради силни дождови вчера. Триесетина автомобили и три камиони паднаа од висина од над 45 метри. Според последните информации, загинаа 42 лица. Под мостот има река, железнички пруги и два магацини. Тој беше главната сообраќајница во градот, а ги поврзуваше патиштата кон Франција и Милано.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here