ФОТО: Вака изгледа најголемата хала на белградскиот саем откако вчера беше претворена во привремена болница со 3000 кревети !

229

Најголемата хала на белградскиот саем е претворена во болница со 3.000 легла. На белградскиот саем присутни се воени лица, кои од камионите истоваруваат кревети.Халата претходно служеше за голем број концерти и саеми, па дури и за Европското првенство во кошарка.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, истакна дека белградскиот саем не е случајно избран да служи како импровизирана болница што ќе се користи во борбата против вирусот.

„Ние изложивме неколку локации пред кинеските експерти, а тие го избраа саемот. Мора да има посебен влез за пациенти и персонал и некои други фактори мора да бидат исполнети за да биде безбедно. Тоа е од нивното искуство. Тие беа на саемот и ќе утврдат точно како ќе функционира, каде ќе бидат влезот и излезот, што ќе се користи, кои се правилата на однесување и ќе ни требаат 48 часа да ги следиме потребните процедури“, објасни Лончар

Српскиот претседател, Алекдандар Вучиќ, најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе почне најдоцна до четврток.