ФОТО/ВИДЕО: Две тинејџерки правеле селфи на водопад… паднале и загинале !

246

Моника Медеирос (19) и Бруна Веласкез (18) трагично починале додека биле во посета на водопадот Салто Каваирес Лајес во Бразил.

Неразделните другарки тргнале во авантура и се фотографирале на самиот врв на водопадот. Се испоставило дека тоа била нивната последна фотографија. Едната девојка се лизнала шетајќи се по работ, додека другата изгубила рамнотежа обидувајќи се да ја спаси другарката.

кобното селфи на двете девојки…

Падот од 30 метри бил кобен за двете, со тоа што Бруна Веласкез починала на лице место, додека Моника Медеирос им подлегнала на повредите во болница.