ФОТО: Петмина поврдени при директен судир на две возила во Скопје !

286

Министерството за внатрешни работи информираше дека на крстосница од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот С.И. од кичевското село Гарани, и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот В.Д. од Скопје.

Според очевидци автомобилот со голема брзина на црвено светло минал низ крстосницата при што удрич во комбето и се превртувал стотина метри по коловозот.