Home Популарно Франција: Кандидат за градоначалник на Париз, си поднесе оставка заради секс скандал...

Франција: Кандидат за градоначалник на Париз, си поднесе оставка заради секс скандал !

Поранешниот портпарол на француската влада Бенжамин Гриво одеднаш се повлече од трката за градоначалник на Париз по протекување на негова компромитирачка снимка од сексуална природа.

По повлекувањето на Гриво, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон Република во движење остана без кандидат за градоначалник на локалните избори закажани за следниот месец.Гриво го објави своето повлекување од трката утрово, 48 часа по објавувањето на снимката, велејќи дека тој е мета на „злобни напади“ на неговиот приватен живот на социјалните мрежи.

„Моето семејство не го заслужува тоа. Никој никогаш не смее да биде мета на ваков вид злоупотреба. Повеќе од една година, моето семејство и јас сме изложени на навредливи коментари, лаги, гласини, анонимни напади, откривање украдени приватни разговори и смртни закани. Како сè ова да не беше доволно, вчера ново ниво е  постигнато “, рече Гриво, пренесе Гардијан.

Видео и пораки до една млада жена наводно од Гриво, чија кампања се бори против ривалите, меѓу кои и сегашната градоначалничка Ен Хидалго и поранешниот пратеник на Република во движење Седрик Вилани, доцна во средата се објавени на веб-страница, а потоа се раширени на социјалните медиуми.

42-годишниот поранешен портпарол на владата на Макрон и неговата сопруга, адвокат имаат три деца и тој често ги споменувал за време на неговата изборна кампања за градоначалник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Општината Чешиново-Облешево затворена. Градоначалникот Крстев одлуки ќе носи од карантин

Поради утврдениот Корона вирус кај градоначалникот, општината Чешиново-Облешево од денес е со затворени врати.  Во моментов сите административни активности се сведени на нула без никој...

Стапија на сила новите владини мерки

Од денес цела држава живее и функционира со новите владини мерки односно со  забраната за движење на населението од 16.00 до 5 часот наутро....

Насилство, пожар, обид за кражба и пронајдена дрога синоќа во Регионот

За една вечер, полицијата од Регионот имала интервенција на четири инциденти, за кои се или ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час и ограниченото време на движење. Овој проблем е поголем од многу други а...

Сеча на дрва во Шашаварлија

Гледачи на ТВ Стар аларимираат за неконтролирана сеча на дрва во Шашаварлија. Синоќа, исечени се дури и дрвата посадени околу православните гробишта....