Францускиот актер Депардје премина во православна вера во црква во Русија !

127

Францускиот актер Жерар Депардје премина во православна вера. Крстењето се случи вчера во руската црква Александар Невски во Париз.На церемонијата присуствувале неговите пријатели. Другите детали сè уште не се објавени.Врската што славниот француски актер ја има со Русија е позната, но и со рускиот претседател Владимир Путин.

Од 2013 година, покрај француско, има и руско државјанство.Тој еднаш рече дека се уште ја сака својата земја безусловно, но не може да негира дека „сè е лошо“ во Франција и дека луѓето таму се помалку среќни отколку во Русија.

Исто така рече дека е подготвен да умре за Русија.