Францускиот весник „Шарли Ебдо“ го нацрта Ердоган како карикатура со лименка и како гледа женски задник под хиџаб !

104

Анкара го обвини Charlie Hebdo за потпалување на омраза откако списанието на својата насловна страница го наслика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган токму за време на тензиите помешу Франција и муслиманскиот свет.

Карикатурата го покажува турскиот лидер како се излежува во долна облека со лименка пиво во десната рака, а со левата ја крева облеката на жена која носи хиџаб и на која ѝ го открива задникот.

Насловот на делото е „Ердоган: во приватниот живот е многу смешен“, додека неговиот лик правејќи го горенаведеното извикува „Ох, пророкот!“

„Антимуслиманската агенда на францускиот претседател Макрон дава плод! Charlie Hebdo штотуку објави серија од таканаречени цртежи полни со одвратни слики, наводно од нашиот претседател“, пишува на Twitter турскиот потпретседател Фуат Октај.

„Не може да се криете позади слободата на говор! Го осудувам неморалното објавување за нашиот претседател од страна на францускиот партал“.

Ердоган и Макрон се во вербална војна која почна по суровото убиство на францискиот професор од страна на чеченски имигрант поради тоа што држел часови со слобода на говор.