Фудбалери патувале 1500 километри за натпревар, но никој не им кажал дека мечот бил откажан заради вирусот !

216

Фудбалерите на Депортес Антофагаста непотребно пропатуваа 1.500 километри за да играат меч од домашното првенство, бидејќи кога пристигнале, им било објаснето дека средбата е одложена. 

Депортес требаше да игра на гости кај Коло Коло во чилеанскиот шампионат, но средбата се одложила откако кај дел од членовите во таборот на домаќините бил забележан Коронавирусот.

Непосредно пред овој меч, Коло Коло гостуваше во Бразил, од каде и е донесен вирусот во редовите на чилеанскиот тим.