Фудбалските прволигаши ќе се опарат по 57.000 евра

108

Секој прволигашки клуб во ПМФЛ ќе добие помош од 57.000 евра, со цел што полесно да се справи со моменталната криза, која дојде како последица на коронавирусот. Овие пари доаѓаат од УЕФА а ФФМ ќе ги распредели во што побрз можен рок. Инаку парите се од солидарниот фонд на УЕФА, кој место на крајот од годината, ќе биде исплатен сега со оглед на  ситуацијата во светот на фудбалот.Услов за да се добијат овие пари, е доставување целосна документација за тоа каде и за што се потрошени парите од претходниот солидарен фонд на УЕФА.Секако дека овие пари на нашите клубови ќе им дојдат како „кец на десетка“ што се вели, посебно ако се знае дека пред неколку денови прволигашките клубови, преку своето здружение  побараа помош од државата.