ФФМ: Одбиени кандидатурите на Костов, Хаџи-Ристески и Станојковиќ

0
196

Комисијата за избори и верификација при ФФМ синоќа ги одби кандидатурите на Влатко Костов, Харалампие Хаџи-Ристески и на Вујадин Станојковиќ, бидејќи како што тврди комисијата, не биле според прописите наведени во статутот на Федерацијата.

Единствената прифатена кандидатура е онаа на Сашко Тасев, бидејќи Тасев ги исполнувал наведените прописи.

Во трите Решенија со кои се одбиваат трите кандидатури стои исото објаснување:

„Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат. Кандидатурата не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, утврден со член 91. Став 1. Од Статутот на ФФМ.“ – велат од Комисијата за избори и верификација при ФФМ.

Членот 91. од Статутот на ФФМ нема ставови,а Комисијата највероајтно се повикува на првиот пасус, кој гласи:

„На предлог на надлежен орган на членките на ФФМ, Претседателот на ФФМ го избира Генералното собрание од редот на делегатите на Генралното собрание, во пропишана постапка согласно утврдените критериуми во овој Статут.“

Понатаму во истиот член стои:

„За исполнетоста на критериумите на кандидатите за претседател одлучува Комисијата за избори и верификување“.

Право на жалба одбиените кандидати имаат во рок од три дена, односно најдоцна до недела. А кој ќе биде наследникот на Илчо Ѓоргиоски, ќе се знае на Собранието закажано за 1-ви септември.

https://www.youtube.com/watch?v=apgdCVzaRj8&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here