Холивуд сака да ја отстрани ѕвездата на Трамп на булеварот на славните !

0
60

Градскиот совет на Западен Холивуд едногласно ја усвои резолуцијата со која се бара да биде отстранета ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп од холивудската Патека на славните.

Ваквата одлука советот ја донел поради, како што наведуваат медиумите, неговото вознемирувачко однесување кон жените, како многу други негови постапки.Сепак, останува неизвесно дали ваквата резолуција, која била изгласана во понеделникот, ќе ги донесе очекуваните резултати.

Патеката на славните претставува туристичка атракција што се наоѓа во Лос Анџелес и е под надлежност на холивудската комора.Пред неполн месец, револтиран американец со копач ја оштети ѕвездата на Трамп.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here