Храната во оваа година ќе поскапува

115

Цените на храната во оваа година глобално ќе раснат, а Македонија на удар ќе биде меѓу првите држави, најавуваат експертите. Причини за ова има многу, но како основни тие ги наведуваат следните.
„Вода има се’ помалку, климатките промени се присутни и си го прават своето, па производството е намалено. Во такви услови цените раснат и на глобално и на локално ниво“, смета Васко Златковски, дипл. инг. агроном.
Освен кај земјоделците, долги години стагнација на производството има и кај сточарите. Тие со години укажуваат дека стадата им се се’ помали, но нив нема кој да ги слуша зашто кога тие зборуваат, политичарите задолжително главата ја вртат на другата страна.
Оттука, дека цената на храната ќе расне се согласува и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.
„ Освен долгогодишните проблеми со кои земјоделците се соочуваат, за повисоките цени на свиснското и говедското месо во оваа година пресудни ке бидат болестите. Во Бугарија веке втора година има Африканска чума исто како и во Србија. Се колат стотици илјади свињи и сето тоа неможе да нема реперкусии“, вели Атанасов.
За овие проблеми да ги амортизира и надмине, државата со субвенции упорно ги стимулира земјоделците, но резултатите се се’ полоши. Колку субвенциите се зголемуваат земјодеците се се’ понезадоволни, а производството е се’ помало. Зошто?
„Имаме стареење на населението на село, опаѓа бројот на луѓе кои произведуваат храна, така што во такви услови субвенциите не можат сами по себе да го зголемат производството“, смета Златковски.
Дека нешто со цените на храната претстои насетуваат и граѓаните. Дека по џебот ќе поминат не удрени, не веруваат.
„Храната се покачува секоја година, исто ќе биде и оваа“, сметаат анкетирани граѓани.
Бидејки глобалните најави коинцидираат и со мислењето на сите останати, реално е во оваа година да очекуваме поскапи земјоделски и сточарски производи . Прашањето е само , колку подлабоко ќе се брка во џебот.