Хрватска: Добил една година затвор, оти ја лажирал километражата на автомобилот кога го продавал ?!

639

Општинскиот суд во хрватскиот град Вировитица осуди лице на една година затвор, затоа што лажело за поминатите километри кога продавало автомобил, пишува списанието ХАК.Казната е условна, односно нема да оди во затвор доколку не изврши ново кривично дело во рок од три години. Пресудата стана правосилна пред една недела.

„Н. Н. е виновен за невистинито огласување на автомобилот, односно при продажба навел дека има поминато 254.000 км, знаејќи дека автомобилот имал поминато повеќе од 300.000 км и го продал за сума од 5.500,00 евра. По четири дена дошло до расипување на пумпата за масло чија поправка чинела 11.000,00 куни, а имало и други дефекти на возилото.

Така, за да се стекне со недозволена имотна корист, тој погрешно ги претставил фактите и сторил кривично дело – измама и кривично дело фалсификување“, се вели во пресудата.