Home Балкан Хрватска од денес со скратено работно време заради пораст на случаите со...

Хрватска од денес со скратено работно време заради пораст на случаите со Корона вирус !

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги претстави најновите мерки за поддршка на хрватската влада за зачувување на работните места за време на кризата со коронавирусот.

Новите мерки се скратени работно време, самовработување и помош за микропретпријатијата во борбата против последиците на пандемијата.

Мерката за скратено работно време, кажа Пленковиќ, можат да ја користат работодавците со повеќе од 10 работници со планиран пад од најмалку 20 отсто во однос на истиот месец минатата година со доказ за отежнато работење.

Мерките се однесуваат на периодот до декември годинава, кажа хрватскиот премиер.

Додаде дека финансиската поддршка ќе изнесува од 2.000 куни (околу 16.000 денари) нето по работник.Пленковиќ објасни дека работодавецот е должен да ги плати придонесите на финансиската поддршка. Договорот за работа не може да биде откажан најмалку 30 дена по престанокот на користењето на поддршката.Од денес ќе бидат реактивирани мерките на активно самовработување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Србите нема каде да одат на одмор…Грција од утре ги затвора границите за нив !

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за Н1, српскиот министер Расим Љаиќ. Одлуката...

Белград и Приштина сепак разговарале за размена на територии !

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон тврди дека уште во 2018 година една од работите за кои зборувале Белград и...

Уролог од Тетово починал од компликации од Ковид – 19 во скопска болница !

Од компликации од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за...

ВИДЕО: Колумбо е виновен што ја откри Америка…урната уште една статуа на морепловецот во Балтимор !

Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени...

Германија: По жестоките критики, канцеларката Меркел почна да носи заштитна маска !

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не...