Хрватска: Прво Германец, а сега и Италијанец и Австриец приведени во Ровињ оти неовластено снимале деца !

228

Италијанец и Австриец беа уапсени во Ровињ, откако фотографирале деца на нудистичка плажа, без облека, па се осомничени за педофилија, информираше хрватската полиција.

Откако пред една недела 44-годишен германски државјанин беше уапсен во камп во Ровињ за неовластено снимање и фотографирање на неколку голи деца со пенкало, во кое е интегрирана камера, а потоа и складирање фотографии и снимки на СД-картичка, полицијата на Ровињ изминатите три дена повторно уапси двајца мажи кои снимаа голи деца на плажа.

Во саботата околу 17:30 часот полицијата добила пријава дека маж, Италијанец(46) бил забележан во туристичко одморалиште во околината на Ровињ како фотографирал деца без облека со неговиот мобилен телефон.

Австриецот, пак бил приведен во четвртокот во истиот дел на Ровињ, кога обезбедувач во камп забележал 38-годишен Австриец покрај базенот со камера вградена во неговиот часовник, снимајќи и фотографирајќи деца без облека што се бањале. При претресот на неговите предмети, полицијата нашла уште три часовници со интегрирана камера, како и две пенкала со камери.