ВИДЕО: Хрватски воен хеликоптер се срушил во Јадранско море !

681

Хеликопер на хрватската војска падна во Јадранско море, недалеку од малиот остров Зларина, јавуваат хрватските медиуми. Веднаш по дојавата кон местото на настанот се упатени два брода на поморската полиција.

Потврда за паднатиот воен хеликоптер дојде и хрватското Министерство за одбрана. Од таму наведуваат дека станува збор за летало од типот „Кијова ОХ-58Д“, а несреќата се случила пола час по полетувањето.

Na žalost, u padu helikoptera život je izgubila jedna osoba

Posted by ŠibenikIN on Monday, January 27, 2020

Според хрватските медиуми, засега нема информации за бројот на лица што биле во хеликоптерот, додека Министерството за одбрана додава дека се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање и спасување на екипажот.

Хеликоптерите од типот „Кијова ОХ-58Д“ од неодамна се наоѓаат во составот на хрватската војска која ги доби на подарок од САД. Во донацијата во 2015 година, наведуваат медиумите, пристигнаа 16 такви летала што САД ги прогласија за воен вишок.