Царовска од техничкиот министер очекува да продолжи сегашниот концепт на социјална заштита

214

Општините ке изгубат нови неколку месеци во можноста на нивните сметки од државата по основ ДДВ да вратат повеке пари, изјави денес во Штип министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
„Во однос на повратокот на ДДВ со повисок процент, можам да ви кажам дека, ние како ресорно министерство заедно со Владата и премиерот подготвивме документ на 50 страни, од областа на натамошниот тек на децентрализација, каде има решение по барање на општините да се зголеми процентот на повратениот ДДВ од Владата кон нив. Мегутоа, со објава на превремените парламентрани избори се закочи процедуерата за официјализирање на овој документ. Сметам дека идниот владин состав на овој документ ќе му даде „право на граѓанство“,изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа
Од друга страна, Во ресорот труд и социјала Мила Царовска ,од техничкиот министер за труд и социјала очекува сегашниот концепт да продолжи бидејки бил добар, изјави таа денс во Штип.
„Јас сум сигурна дека новиот министер кој ќе дојде во техничката Влада ќе го продолжи целиот овој развиен концепт , не само поради тоа што овој концепт има поддршка од Владата има поддршка од граѓаните ,има поддршка од најранливите и секако дека сметам и очекувам да опозицијата биде конструктивна затоа што конечно во Македонија треба да се покажат поинкви вредности,поинакв дијалог и начин на конструктивна дебата и дискусија за секое прашање“ изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика
На прашањето дали за периодот на Техничка влада очекува значајни одлуки , Милевски врати.
„Бидејќи станува збор за техничка Влада, што е задолжена за спроведување на фер избори, и други ингеренции немаат. Изборите се многу бргу во Април в година и затоа немаат поле и можност за било што да бојкотираат.. Видовме како работеше претходната Влада, можеби ќе имаат забелешки, жалби до јавноста,а се во насока на претстојните избори. Мегутоа, мислам дека Владата ќе си ја заврши задачата, и ќе организира фер и демократски избори,а за проектите, тоа ќе се прави по избори“, објасни министерот Милевски