Ципрас почна да се расфрла со ветувања: Нови 10.000 работни места во јавната администрација во Грција !

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека следната година, кога ќе истече неговиот мандат, ќе бидат отворени нови 10 000 работни места во јавниот сектор.

0
35

Вечерва во земјата беше изгласано делумно враќање на илјадници јавни службеници погодени од мерките за штедење.

Ципрас во интервју за телевизијата Алфа изјави дека ова ќе биде можно поради договорот со грчката Црква, со кој премиерот и Ариепископот Јеронимос постигнаа условен договор, околу 10 000 свештеници да се отстранат од државниот платен список.

Сепак, 10 000 свештеници и други вработени во Црквата ќе продолжат да добиваат пари од државниот буџет, но не повеќе како месечна плата, туку како годишна субвенција од државата за Црквата.

Претходно денеска Парламентот усвои закон за враќање на вкупно 820 милиони евра кои биле одземени со намалување на платите на 280 000 војници, полицајци, лекари, судии и професори.

Грција ја напушти програмата за помош од ЕУ во август и се очекува да одржи парламентарни избори следната година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here