Ципрас ја презеде одговорноста за пожарите во Грција, ама не кажа “извинете” !

Грчкиот премиер Алексис Ципрас свика итен состанок на својот кабинет, додека неговата влада добива сè поголеми критики за тоа како се справила со шумските пожари неделава во кои загинаа десетици луѓе.

0
150

На состанокот треба да се координираат следните чекори во справувањето со кризата, по објавувањето пакет мерки за помош на жртвите од пожарите во средата. На прес-конференцијата доцна во четвртокот владата за трагедијата ги обвини подметнувачите на пожари, силните ветрови и нелегалните градби.

„Целосно ја преземам политичката одговорност за трагедијата“, рече Ципрас во телевизиска изјава пред состанокот. Доказите доведоа до заклучок дека пожарите ги предизвикале подметнувачи, а владата брзо и решително ќе подготви национален план што ќе ги опфати децениските прекршувања на правилата во градењето, рече тој.

Шумските пожари избија во понеделникот во две популарни одморалишта во близина на Атина. Во второто, во приморскиот центар Мати во источна Атика, загинаа најмалку 83 лица, а многумина сè уште се водат како исчезнати. Пожарите оштетија околу 2.500 дома.

Сепак, владата во Атина беше предмет на жестоки критики за она што многумина го сметаат за никаков одговор на критиките за нејзиното справување со кризата.Претходно во четвртокот министерот за одбрана, Панос Каменос, отиде дотаму што во интервју за Би-би-си ги обвини самите жители на местото на катастрофата, велејќи дека тие изградиле куќи без дозвола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here