Цреша во штипско расцуте по втор пат

0
151

Цреша во штипската населба Суитлак, расцуте по втор пат. Дрвото старо над 30 години, по цветањето во април, цветови пушти и во август, нешто што ниту сопствениците ниту нивните пријатели, досега не забележале :

  • Oва се случува ретко, можеби е од самото дрво, можеби е од Господ. Сега знаеме дека можеме и по втор пат да береме, останува да чекаме, изјави Славе Митев.

Зошто и како ова овошно дрвце расцуте во август, Митев со свои претпоставки :

  • Првата берба е направена и потоа црешата е исечена. Дрвцето е јако и можеби и поради тоа да има исфрлено род сега, има едни слепи папки кои наместо догодина расцветале сега, вели Митев.

За експертите, ова не е ниту нова ниту непозната појава. Истата е резултат на приспособување на овошките кон природата, односно кон климатските промени :

  • Годинава имавме променливи временски услови во текот на пролетта и кога овошките вообичаено цветаат од крајот на февруари до почетокот на април, имаме т.н. нормална цветна сезона. Во услови кога имаме доста колебливи температурни услови, доаѓа до ваква појава и тоа не треба да ги плаши овоштарите, појасни Васко Златковски, универзитетски професор.

Сепак, ова двојно цутење ќе допринесе до т.н. истоштување на овошката, но со оглед дека се работи за овошен вид кој рано ја завршува својата вегетација, нема да има никакви последици по родот за наредната година.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here