Црна Гора: Заради вирусот, зголемена невработеноста за 20 % – Околу 7500 лица останале без работа за 6 месеци !

43

Од воведувањето мерки за борба против епидемијата на коронавирус на 15 март годинава, невработеноста во Црна Гора е зголемена за 20,99 проценти, односно 7.446 лица останаа без работа.

На денот на воведувањето на мерките за борба против епидемијата на вирусот Ковид-19 (15 март), 35.466 невработени лица биле запишани во евиденцијата на Бирото (20.541 или 57,91 процент се жени), така што имало пораст на невработеноста за 7.446 лица или 20,99 проценти.

Најголемиот број лица им е прекинат работниот однос поради истекот на договорот за работа на определено време – 4.159 или 82,05 проценти, потоа склучување договор со работодавачот за престанок на работниот однос – 311 или 6,13 проценти и исплатена отпремнина на работникот за чија работа нема повеќе потреба – 196 или 3,87 проценти.

Бројот на невработени од 15 март до септември годинава е зголемен во сите општини во Црна Гора.