Home Популарно Чави нема да биде тренер на „Барелона“ - Газдите ги одбиле...

Чави нема да биде тренер на „Барелона“ – Газдите ги одбиле сите услови кои ги поставил !

Чави, легендата на Барселона, минатиот месец се спомнуваше како можен кандидат за тренерската позиција во Барселона, која остана празна по отказот што клубот му го врачи на Ернесто Валверде. Сепак преговорите што двете страни ги воделе три дена завршија неуспешно, а потоа на клупата на Барсеа седна Кике Сетиен.

Зошто Чави не стана тренер на Барселона? Едноставно во клубот не биле подготвенид а ги исполнат неговите барања.Според „Кадена СЕР“ првиот услов на Чави бил да го преземе тимот по завршувањето на сезоната, а не во јануари. Челниците на Барселона не сакале да тргнат во потрага по тренер кој би работел само шест месеци во клубот.

Вториот услов на Чави бил да добие овластувања какви што имаат неговите колеги во Англија, односно побарал да го контролира спортскиот сегмент на Барса. Исто така тој побарал во клубот да биде вратен Карлес Пујол. За легендарниот капитен Чави ја наменил улогата што сега ја има Ерик Абидал, односно сакал Пујол да биде врската помеѓу играчите и клупските челници.

Чави барал и смена на целата лекарска служба и место во стручниот штаб за својот брат Оскар. По три дневните преговори емисарите од Барселона решиле да ги одбијат сите негови барања и да побараат друг тренер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...

Коронавирусот зарази над еден милион луѓе на планетава !

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите...