„Челични“ од петто до дванаесетто место на „Лесковачки победник“

0
74

Традиционалниот меѓународен пливачки митинг „Лесковачки победник“, чиј домаќин е градот Лесковац во соседна Србија, на младите штипски пливачи им донесе пласман од петтото до дванаесетото место.

Иван Киров, Смиљан Нашков, Матеј Трајчев, Вероника Зашевска, Методи Георгиев и Марко Јакимовски се имињата на пливачите, кои се натпреваруваа во 50 и 100 метри  во дисциплините краул, грбно, градно и делфин.

Штипјани настапија во конкуренција на 489 пливачи од Србија, Македонија и Бугарија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here