Челникот на ФИФА е заразен со Корона !

61

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфатино е заразен со коронавирусот.

Оваа информација ја соопштија од ФИФА и во истата се вели дека Инфатино направил тест кој бил позитивен, односно има благи симптоми и ќе биде во карантин во наредните десет денови.

Воедно сите оние кои во изминатиот период биле во контакт со претседателот на светската федерација исто ќе мора да заминат во изолација.Инфатино има 50 години, а на чело на ФИФА е од 2016 година.