Чулев: Недостиг на обрасци за пасоши

700

Алармантна е ситуацијата со обрасци за пасоши, кажа денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев:

„ Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е на лошо и планирање и анализа на потребите на МВР од патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси од 30 дена“, истакна Чулев.