Шведска и Данска преферираат „Нордиска унија“ наместо ЕУ !

0
76

Значителен дел од граѓаните на Шведска и Данска повеќе би сакале да бидат дел од „нордиската унија” отколку во Европската унија, покажа новото истражување.Членките на „нордиска унија” би биле Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.Истражуваето Сентио за норвешкиот весник Калсекампен опфати околу илјада луѓе од Шведска, Данска и Норвешка.

На граѓаните им било поставено прашањето за кој вид на партнерство – сегашната ситуација, во која Шведска и Данска се во ЕУ, Норвешка во Европската економска област или за нова „нордиска унија” со заеднички политики во многу области. Се покажало дека 47 проценти од Швеѓаните и 45 отсто Данци предност и дава на „нордиската унија”, додека за ЕУ се изјасниле само 32 проценти, односно 36 отсто. Другите одговориле дека не знаат.

На испитаниците во Норвешка им е понудена и трета опција, бидејќи тие не се членки на ЕУ. Повеќе од половина од Норвежаните (52 отсто) смета дека нивната земја треба да остане во тековното партнерство со ЕУ, 31 проценти се за „нордиска унија”, а само 10 проценти за членство во ЕУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here