„Шверц“ градоначалникот на Ново Село се врати на неговата функција !

Боро Стојчев, градоначалникот на Ново Село кој беше осуден со казна затвор од 18 месеци за шверц со цигари се врати во општината на истата функција.

0
145

Летово тој беше фатен како шверцува 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница. По отслужување на казната затвор, тој останува да биде градоначалник.Во член 54 од Законот за локална самоуправа пишува дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.

Апелацискиот суд во Штип ја прифати жалбата на одбраната и одлучи казната затвор од 18 да ја намали на шест месеци. Намалување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот. Сите тројца имаат по три месеци затвор и за некој ден ќе бидат на слобода. Во овој случај беше осудена и сопругата на Стојчев, условна казна во траење од две години.

Во јули Стојчев и дел од неговото семејство билеа фатени во обид да пренесат цигари во Бугарија преку див граничен премин.

Стојчев и претходно два пати бил осудуван. Во екот на случувањата со приведувањето на Стојчев за шверцот со цигари, премиерот Зоран Заев
изјави дека тие биле пријатели, но сепак казната затвор си важела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here