Шестчелно семејство од Шведска преживеало сообраќајка близу Охрид – 12.месечно бебе задржано во болница !

0
156

Вчера околу 08:20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дебарца.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете.

Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here