Шпанија не дозволи знаме на Косово на светскиот натпревар во карате во Мадрид !

Каратисти од Косово на Светското првенство во карате во Мадрид учествуваат без државни обележја. Знамето го нема ни во спортската сала, јавуваат косовските медиуми.

0
41

Како што пишува Коха диторе, шпанската влада која остро се противи на независноста на Косово, реши да го забрани истакнувањето на државните симболи на Косово на натпреварувањето, како и во самата сала каде што се одржуваат натпреварите од 5 до 11 ноември.

Иако останатите учесници на првенството на задниот дел на кимоната ги имаат симболите на своите држави, на каратистите на Косово натписот КОС не им бил дозволен, туку на тоа место пишува ВФК – Светска карате федерација. Коха истакнува дека реакции од Косово околу одлуката на шпанската влада сѐ уште нема.

И Карате федерацијата на Косово реши да молчи околу оваа долука, додека информацијата за тоа дека косовската репрезентација има „нееднаков третман“ ја потврди дури по барање на Коха.

Шпанија, поради сопствената ситуација со Каталонија, која тежнее кон независност, силно се противи на независноста на Косово. Во април годинава тогашниот шпански премиер Маријано Рахој одби да го стави својот потпис на заедничката декларација која требаше да биде објавена за време на самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија.

Претходно Шпанија стави вето на предлог текстот на заедничката декларација, со цел името и потписот на Рахој да не се најдат на ист документ на исто ниво со „претставник на територија чија државност Шпанија не ја признава“.

Рахој на крајот не присуствуваше на самитот, а Шпанија беше претставувана на најниско дипломатско ниво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here